Нобеловата награда за литература отиде во рацете на норвешки писател

од Stefanija Kuzmanovska

Нобеловата награда за литература за 2023 година отиде во рацете на норвешкиот писател Јун Фосе, за „иновативни драми и проза што му дава глас на неискажливото“, соопшти Шведската академија.

Норвешкиот писател е едно од водечките имиња во модерните драми претставени во повеќе од деветстотини продукции, а неговите дела се преведени на повеќе од четириесет јазици.

Познати е по романите „Меланхолија“, „Утро и вечер“ и „Тоа е Алес“, но и многу други драми и песни.

Британски „Дејли телеграф“ пред неколку години го вклучил Фосе на листата на 100 живи генијалци, а покрај тоа од кралот на Норвешка добил на доживотно уживање куќа до палатата во Осло, што во таа земја се смета за највисока чест за луѓето од светот на уметноста.

Слични содржини