
HMD Global веќе почна да работи на неколку уреди што ќе ги видиме во првата половина од годината. Ние веќе ве информиравме за подобрувањата во Nokia 8.1 Plus, а сега излегоа и првите детали на друг паметен телефон од средна класа. Компанијата спроведува тестови со наследникот на Nokia 6.1, кој дебитира официјално во текот на летото. Новиот модел ќе понуди помоќен хардвер и прилично многу променет, но многу поелегантен дизајн, објавија „AndroidHeadlines“.
Најинтересната карактеристика на Nokia 6.2 ќе биде вградената предна камера во мала дупка на врвот на екранот. Овој дизајн веќе се користи од паметните телефони на другите производители и ќе биде водечки тренд во индустријата во 2019 година. Самиот екран е со 6.2-инчна дијагонала и најверојатно ќе поддржува барем Full HD резолуција од 1920×1080 пиксели. Брзата работа ќе биде загарантирана од Qualcomm Snapdragon 632 процесорот, кој има осум Kryo 250 јадра кои работат на фреквенција од 1.8GHz.
Другите карактеристики вклучуваат 6GB RAM, Adreno 560 графички чип и двојна задна камера. Се очекува дека барем еден од сензорите ќе биде со резолуција од 16 мегапиксели. Новиот модел ќе биде базиран на Nokia OZO аудио технологијата и исто како и неговиот претходник ќе работи со Android One. Плановите на HMD Global предвидуваат промоција на Nokia 6.2 на кинескиот пазар пред крајот на февруари и тогаш ќе разбереме повеќе за европската премиера на смартфонот, чија цена ќе биде од 250 до 300 долари.