Nokia 9 и Nokia 8 Pro може да бидат следните предводници на брендот

од Vladimir Zorba
279 прегледи

HMD Global ќе пушти два нови предводници оваа година, а најверојатно тие ќе бидат наречени Nokia 9 и Nokia 8 Pro.

Тие ќе и прават друштво на веќе познатата Nokia 8 Sirocco, која дебитираше на МВЦ 2018.

Од нив, Nokia 9 треба да биде подобар телефон со широк дисплеј од 5,7 инчи, додека Nokia 8 Pro е опишан како 5,5-инчен модел. Покрај тоа, Nokia 9 мора да има висококвалитетен модул за камера кој нема да биде достапен во другиот модел. Ова, исто така, треба да биде првиот паметен телефон на HMD Global со вграден скенер за отпечатоци.

И двата модели ќе бидат напојувани од Snapdragon 845.

Во однос на цената, Nokia 9 треба да чини слично како останатите предводници од другите компании, како Samsung Galaxy S9, додека Nokia 8 Pro ќе биде малку поевтина.

Nokia 8 Pro се очекува во август, додека Nokia 9 ќе дебитира најмалку еден месец подоцна.

Слични содржини