Враќањето на Nokia на пазарот на паметни телефони беше еден од највозбудливите настани во мобилната индустрија во текот на изминатата година. HMD Global, која ги поседува правата на брендот, потврди дека во последниот квартал има продадено 4,4 милиони единици. Ова значи дека Nokia има околу 1% удел на пазарот и не влегува во ниту една листа на првите десет најголеми производители во индустријата. Сепак, постојат сериозни знаци на оптимизам, бидејќи компанијата се има спправено подобро од многу други брендови.
Може да ви изгледа чудно, но со 4,4 милиони продажби на паметни телефони, Nokia е пред бројни производители, вклучувајќи ги HTC, Sony и Google. Други популарни компании кои пријавиле помала продажба во последните три месеци од 2017 година се Alcatel, Lenovo, Asus и OnePlus. Бројките се интересни бидејќи покажуваат како Nokia работи на овој конкурентен пазар, но исто така и како многу други производители не успеваат да ги постигнат истите резултати, информира gsmarena.
Необичен е фактот што Nokia покажува силно присуство на клучните пазари, како што се Велика Британија и Русија, каде што се рангираа на трето и петто место. Добрата изведба го опфаќа Блискиот Исток и некои земји во Азија. Компанијата, исто така, продаде повеќе од 20,7 милиони „буџетски“ (евтини) телефони во последниот квартал.
Во наредните месеци очекуваме лансирање на нови паметни телефони со името „Nokia“, што веројатно ќе го зголеми пазарниот удел на компанијата.