„Нокиа“ забележа загуба од над 766 милони евра во 2016

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Намерата на “Нокиа” и “Алкател-Лусент” да формираат преку спојување најголемиот производител во светот на опрема за мобилни телефонски мрежи се огласува со страшен тресок, покажува годишната финансиска ревизија. Токму на обединувањето меѓу двете компании “Нокиа” објави дека ги должи “разочарувачките” финансиски загуби во 2016 година.

Во изминатата 2016 година поранешниот №1 во телефонските услуги регистрирал нето загуба во вредност од 766 милиони евра, кои извршниот директор Раџев Сури ги опиша како “разочарувачки”, и покрај очекувањата.

“Сепак остануваме финансиски стабилни”, увери тој и предвидува дека во “оваа година условите на пазарот ќе се подобрат”.

Во последните години финскиот телекомуникациски гигант “Нокиа” мина низ повеќе радикални трансформации. Во 2013 година тој откупи 50% од активите од “Сименс”, а следната – ги продаде на порано водечкиот на глобално ниво бизнис со мобилни телефони, кој се распадна со појавата на смартфоните. Во 2015 година се раздели и со навигациската апликација “Тука” (Here), а минатата 2016 склучи договор за купување на “Алкател-Лусент” – чекор кој многумина го сметаа за безумен предвид фактот дека за 10 години француската компанија беше забележала една -единствена победничка година.