Нормализиран е сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово

од Milan1
37 прегледи

Сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, кај село Желино, е нормализиран попладнево по 17 часот, откако автопатот повеќе часови беше блокиран поради сообраќајна незгода, информира АМСМ.

Од АМСМ претходно соопштија дека има прекин на сообраќајот од 14:45 часот, а како што информираа од СВР Тетово во сообраќајката полесно се повредени две лица.

Поради ова, стотици возачи чекаа во редици долги со километри, кои се протегаа наназад преку патарината кај Желино.

АМСМ апелира до возачите да бидат внимателни и да користат алтернативни правци додека трае расчистувањето на местото на несреќата.

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово – редици долги

Слични содржини