Норвешка ги укинува речиси сите мерки против пандемијата

од Берта Китинска
225 прегледи

Норвешките власти соопштија дека се укинати речиси сите преостанати рестрикции наметнати против коронавирусот, бидејќи и покрај големиот број заразени, ковидот, како што наведоа, не претставува голема закана за здравјето на граѓаните.

Властите велат дека Норвежаните се заштитени со вакцини против коронавирус и дека мал број хоспитализирани граѓани се и покрај ширењето на сојот омикрон.

Одлуката за укинување на мерките ја соопшти премиерот Јонас Гар Стере на прес-конференција.

Од денеска не е задолжително носење маски на места каде има гужва, ниту пак да се држи растојание од еден метар.

Задолжителната самоизолација на заболените е заменета со препорака заболените да останат дома четири дена.

Норвешка воведе делумно затворање во декември за да спречи ширење на коронавирус сојот омикрон.

Слични содржини