Норвешка ќе им овозможи на енергетската компанија Equinor и нејзините партнери да го зголемат извозот на гас од две офшор полиња во текот на следните 12 месеци во контекст на загриженоста за ниските европски резерви што предизвикаа скокови на цените.
Equinor, вториот по големина снабдувач на гас во Европа, по руски „Газпром“, во понеделникот изјави дека владата одобрила комбинирано зголемување на извозот на гас од две милијарди кубни метри од полињата Трол и Осеберг во гасната сезона, која почнува од 1 октомври.
Според пресметките на Ројтерс, ова одговара на речиси два проценти од годишниот извоз на гас во Норвешка преку гасоводи.
„Веруваме дека одлуката беше донесена навремено, бидејќи Европа се соочува со невообичаено тесна врска понуда-побарувачка на пазарот за природен гас“, велат од компанијата, која е во сопственост на норвешката држава.
„Работиме на мерки за зголемување на извозот од нашите полиња во норвешкиот континентален гребен“, истакнуваат тие.
Зголемувањето на извозот ќе биде рамномерно распоредено по полињата Трол и Осеберг, на соодветно 37 и шест милијарди кубни метри, објави Еквинор.
Цените на гасот во идните договори со рокови за испорака следниот месец повеќе од трипати се зголемија оваа година во холандскиот центар ТТФ, достигнувајќи рекордни нивоа на прагот на зимската сезона, бидејќи резервите во складиштето се под просекот.
Како резултат на тоа, цената на електричната енергија се зголеми во пресрет на зимската сезона.
Норвешка извезла околу 106 милијарди кубни метри гас во Европа по гасоводите од 1 октомври минатата година. Според „Рефинитив Еикон“, тие извезле 105 милијарди кубни метри гас во последната гасна сезона, која заврши на 30 септември 2020 година.
Норвешката влада утврдува производствени квоти за Трол и други големи полиња за да обезбеди максимално производство на сурова нафта и природен гас за подолг период, забележува Ројтерс.