Норвешка ќе го запре емитувањето на FM радио во 2017

од Vladimir Zorba
146 прегледи

Норвешка ќе престане со емитувањето на FM радио фрекфенција почнувајќи од 2017 година, објави локалното Министерство за култура. Така Норвешка ќе стане првата држава во светот, која ќе помине целосно на дигитална сфера. pahrump-receiver-antenna2

Дигиталното аудио-емитување (DAB) веќе функционира во земјата, нудејќи 22 национални радија, додека FM има само пет радија со национална покриеност. Локалните анкети покажуваат дека 56% од Норвежаните веќе го слушаат дигиталното радио секој ден.

FM стандард е патентиран во 1933 година. Тој брзо се претвора во многу популарен, па над 90% од Американците слушаат FM радио барем еднаш неделно. Во последниве години, сепак интернетот и дигиталните технологии почнуваат да го земаат приматот и да привлекуваат повеќе и повеќе луѓе. Неколку држави во Европа и Азија веќе почнаа преминување кон дигиталното радио. Тие сепак сѐ уште не си поставиле рокови за целосното исклучување на FM брановите.