Норвешка компанија се откажува од сертификацијата на „Северен тек 2“

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Меѓународната компанија за сертификација и класификација Det Norske Veritas (DNV GL) потврди дека ќе ги запре сите активности за сертифицирање на гасоводот „Северен тек 2“ поради новите санкции на САД.

Ова за „ТАСС“ денес го потврди претставникот на компанијата Роберт Ковни.

Во ноември 2020 година, „DNV GL“ престана да обезбедува услуги на бродови кои служат на Северен тек 2, соопшти компанијата.

„Сега нашата компанија ќе ги запре сите активности за проверка на гасоводниот систем“, објави компанијата.

Како што е наведено од DNV GL, оваа изјава е издадена по усвојувањето на новиот закон во САД на 1 јануари, според кој компаниите кои обезбедуваат услуги за тестирање, верификација или сертификација за „Северен тек 2“ се предмет на санкции.

Одредбите за буџет за одбрана стапија на сила во САД од 1 јануари, кои вклучуваат продолжување на санкциите за гасоводите „Северен тек 2“ и „Турски тек“.

Слични содржини