Норвешка од денес ги укина сите рестриктивни мерки во борбата против короната

од Nikola Popovski
261 прегледи

Норвешка ги укина сите ограничувачки мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, рече премиерката Ерна Солберг.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во мир и сега е време да се вратиме во нормалниот живот“, рече Солберг, додавајќи дека сите мерки се укинати денеска во 16 часот, пренесе Хина.

Укинувањето на мерките за физичка дистанца ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе работат нормално, без ограничувања.

Во Норвешка, 76 проценти од населението примило една доза на вакцина против коронавирус, а 67 проценти се целосно имунизирани, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје.

Соседна Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември, и оттогаш бројот на заразените во таа земја постојано се намалува. На денот на укинувањето, ги имаше 557, а денес се 382.

Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација. 86 проценти од оние над 12 години и 95 проценти од оние над 50 години се имунизирани.

Слични содржини