Норвешка протера 15 службеници во руската амбасада

од Stefanija Kuzmanovska
154 прегледи

Норвешкото министерство за надворешни работи во четвртокот објави дека донело одлука за протерување на 15 претставници на руската амбасада, додавајќи дека станува збор за разузнавачки оперативци кои работат под дипломатско „покривање“, пренесе „Ројтерс“.

„Одлуката на норвешката влада е одговор на променетата безбедносна ситуација во Европа, што доведе до зголемена разузнавачка закана од Русија“, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи.

Споменатите службеници мора наскоро да ја напуштат Норвешка. Руската амбасада во Осло не била веднаш достапна за коментар кога ја контактирале од „Ројтерс“.

Норвешка, членка на воената алијанса на НАТО, дели граница со Русија на Арктикот.

„Ова е важен чекор во спротивставувањето и намалувањето на нивото на руската разузнавачка активност во Норвешка, а со тоа и во заштитата на нашите национални интереси“, изјави норвешката министерка за надворешни работи Аникен Хуитфелд.

Слични содржини