436
Норвешка денес донесе одлука да ја одложи повторната употреба на вакцината против коронавирус на Астразенека за уште три недели, до 15 април.
Властите престанаа да ја користат вакцината на 11 март, бидејќи пет вакцинирани лица имаа проблеми со згрутчување на крвта, крварење и ниско ниво на тромбоцити, а тројца пациенти починале.
Наведено е дека се потребни повеќе информации, бидејќи дошло до објаснување на причините зошто се појавиле несаканите симптоми, но не дали биле предизвикани од вакцината и, ако е така, зошто.
Неколку земји во Европа престанаа да ја користат АстраЗенека, но подоцна продолжија да ја користат по препорака на Европската медицинска агенција и Светската здравствена организација.