Норвешката полиција истражува исчезнување на соосновач на Викиликс

од desk2
93 прегледи

Норвешката полиција соопшти дека истражува исчезнување на соосновачот на Викиликс и соработник на Џулијан Асанж, Арен Кампхојс, кој последен пат бил виден во август во северна Норвешка.

– Почнавме истрага, рече портпаролот на полицијата додавајќи дека нема идеја каде може да се наоѓа Кампхојс, кој е холандски државјанин.

Викиликс во саботата на Твитер објави за „чудното исчезнување” на Кампхојс. Тој за последен пат бил виден како излегува од хотел во градот Будао во северна Норвешка на 20 август.

Според Викиликс, Кампхојс имал авионски билет за 22 август за лет од градот Тронхајм, што се наоѓа на повеќе од 700 километри од Будао.