Норвешки генерал: На Путин повеќе му користат нуклеарните закани отколку нуклеарен напад

од Stefanija Kuzmanovska
113 прегледи

Командантот на норвешката армија, генералот Еирик Кристоферсен изјави дека „Западот треба внимателно да слуша кога Владимир Путин зборува за употреба на нуклеарно оружје“, но и „треба да има на ум дека нуклеарните закани му се покорисни“.

Рускиот претседател Владимир Путин и други високи руски функционери постојано се закануваат дека ќе употребат нуклеарно оружје во Украина од почетокот на инвазијата на крајот на февруари. Но, норвешкиот генерал тврди дека нема причина Путин да прибегне кон употреба на нуклеарно оружје.

„Не постои ниту една причина да го употреби“

„Пред сè, мора внимателно да слушаме што вели Путин. Второ, не постои ниту една причина за да се употреби. Нема никаква закана за опстанокот на Русија, што значи дека нема причина да се употреби“, смета командантот на норвешката армија.

„За Путин, заканата од нуклеарно оружје вреди повеќе од употребата на нуклеарно оружје. Станува збор за одвраќање, исто како и за време на Студената војна. Станува збор за тоа Русија да има нуклеарни капацитети и да ни покаже, на остатокот од светот, дека може да го направи тоа“, рече норвешкиот генерал.

Слични содржини