Норвешки весник се извини откако уништи безброј детски фантазии со објавувањето на информациите за погребот на Дедо Мраз, пишува “Индипендент”.
Некрологот објавен во еден од најпопуларните весници во Норвешка “Aftenposten“, соопшти дека Дедо Мраз починал на возраст од 226 години. Пораката гласи дека белобрадиот старец починал на 3 декември во Нордкап, најсеверната точка на земјата, само неколку дена пред нејзиниот роденден.
Според изданието Дедо Мраз е роден на 12 декември 1788 година Не се соопштува причината за смртта на миленикот на децата, може само да погодуваме дали е предизвикана од несреќа со санки или од кавга со елените. Неколку дена подоцна весникот официјално се извини за “грешката”, објаснувајќи дека се случило “внатрешно недоразбирања”.