Норвешките експерти не ги препорачуваат вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Комисија на експерти формирана од норвешката влада за да одлучи за употребата на вакцините против коронавирус на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“, препорача да се откажат од нив поради појава на несакани ефекти.

„Ние не препорачуваме употреба на аденовирусни векторски вакцини во националната програма за имунизација, и тоа, се разбира, се должи на сериозните несакани ефекти“, рече шефот на комисијата, Ларс Ворланд, при предавањето на извештајот.

Министерот за здравство Бент Хеј, кому му е доставен извештајот, сè уште не го знае ставот на владата за овие вакцини.

Норвешка престана да ги користи вакцините на „АстраЗенека“ на 11 март за да ги испита несаканите ефекти, кои се ретки, но потенцијално сериозни.

Европската агенција за лекови и Светската здравствена организација (СЗО) препорачуваат понатамошна употреба на овие вакцини, проценувајќи дека придобивките ги надминуваат ризиците.

Од 134.000 дози на „АстраЗенека“ дадени до средината на март, регистрирани се пет случаи на тешка тромбоза, вклучително и три смртни случаи, кај релативно млади и досега здрави луѓе. Првиот примател на вакцината починал од мозочно крварење.

Вакцината од американскиот производител „Џонсон и Џонсон“ сè уште не е употребена во Норвешка, но има ретки случаи на тромбоза во САД по нејзината употреба.

Засега, Данска е единствената земја во Европа што официјално се откажа од вакцините на „АстраЗенека“ и „Џонсон и Џонсон“.

Слични содржини