Норвешките спасувачи, со помош на беспилотни летала и кучиња, трагаат по десет лица кои се водат како исчезнати, откако одронот на југот на земјата однесе дел од станбената област.
Уништена е станбена област со повеќе од 12 згради.
Десет лица беа повредени, од кои едното беше опасно по живот, откако свлечиштето го погоди станбениот дел на Гјердрум, на околу 30 километри северно од главниот град Осло, рано во средата, пренесува Индекс.
Фотографијата направена од спасувачки хеликоптер покажува голем кратер со уништени згради на самото дно.
Условите се уште се тешки, бидејќи почвата од глина е премногу нестабилна и е студена. Температурата беше минус 1.
Во текот на ноќта, полицијата користела дронови со опрема за да ги открие преживеаните во урнатините. Хеликоптери се обиделе да ги спуштат армијата и полицијата со кучиња трагачи врз структури за кои се верува дека се доволно стабилни.