Норвешка еднаш одлучи дека од 2025 година ќе им биде дозволено да се продаваат само електрични автомобили, но сега политичарите се откажуваат од забраната за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување.
– Сè уште има група возачи и служби на кои, од различни причини, им треба нешто друго освен електричен автомобил, вели Ојвинд Солберг Торсен, извршен директор на Информативниот совет во здружението Oppplysningsrådet för Veitrafiken.
Според „HAK“, Норвешка е светски лидер во користење на електричните автомобили и повеќе од 80 проценти од сите нови автомобили се електрични. На норвешките патишта има повеќе од 800.000 електрични автомобили. Сега политичарите се принудени да ги напуштат своите планови за забрана, пишува „Nettavisen“. Новиот норвешки закон ја оневозможува забраната за автомобили со бензин и дизел. Наместо тоа, се планираат дополнителни даноци за автомобилите со мотори со внатрешно согорување. Според норвешките политичари, принудувањето да се откаже од забраната не треба да се гледа како неуспех.
Секој што сака да купи автомобил со бензин или дизел, сепак ќе може да го направи тоа во Норвешка. Не е јасно кога ќе се спроведе забраната.
Норвешкото здружение кое ги обединува операторите за патен транспорт, Oppplysningsrådet för Veitrafiken, ја поздравува одлуката бидејќи постојат групи за кои возилата со дизел и бензин се практично неопходност.
– Тешката зима покажа дека, на пример, возилата за итни случаи мора да работат во екстремни временски услови – изјави извршниот директор Солберг Торсен за „Nettavisen“. Со електричните автомобили е потешко…