Светска војна, природни катастрофи и егзодус на Африканците во Европа. Ова се дел од предвидувањата за 2016 година на познатиот француски астролог Нострадамус, кој починал во 1566 година.

Мишел де Нострадам пророкува дека догодина ќе се роди човек, кој ќе им помогне на сите луѓе да го разберат значењето на животот и да не дозволат светска апокалипса.
Според Нострадамус во 2016 година во Русија ќе се појави ново религиозно учење кое ќе бира сили и во блиско време ќе ги побие сите знаења поврзани со јудаизмот и христијанството, дури и исламот. Можно е ова учење да стане религија на целиот свет. Благодарение на него ќе произлезе нова култура.
Во првите 6 месеци од 2016 година ќе има многу конфликти. Можно е да започне светска војна. Според Нострадамус државата од која ќе замине, е Иран, а агресијата ќе е насочена кон Турција. Русија ќе ја игра улогата на главен мировник во овој конфликт и со помош на својот авторитет може да ја запре заканата.
На Русија францускиот пророк и предвидува просперитет, појава на “Златен век” од 2016 до 2020 година, кој ќе се карактеризира со значителен економски раст и силна позиција на политички план. А ќе има економски пад на Америка.
Според предвидувањата на Нострадамус следната година ќе сме сведоци на природни катаклизми. Пророкот пишува дека ќе се појави нова болест, против која нема да има лек. Таа ќе дојде од африканските земји и ќе доведе до смртта на многу луѓе.
Во Африка ќе настапи глад и сиромаштија. Во некои делови на континентот ќе има недостиг на вода за пиење, која ќе биде причина за преселувањето на африканските народи на европскиот континент. Нострадамус споменува и за силни земјотреси во Кина и Блискиот Исток. Разурнувањата ќе се огромни и ќе биде тешко штетата да биде обновена. Големи поплави може да се очекуваат во Африка и Јужна Америка, делови кои ќе бидат целосно обземени од вода. За САД тој предвиде торнадо со страшна сила.