Британската болница “Royal Bromton and Harefield” е првата болница во Европа, чии хирурзи успешно извршија трансплантација на бели дробови со помош на посебен уред кој ја поддржува функцијата на дишење на белите дробови надвор од телото на пациентот.
Овој одличен пробив во хирургијата може да спаси илјадници животи благодарение на новиот апарат, а бројот на успешни хируршки интервенции годишно може да биде двојно поголем, велат експертите.
Апаратот е пуштен во употреба во британската болница, која минатата година покажа техника која овозможува одржување на животот на срцето на донаторот.
Како што е познато органите кои треба да бидат пресадени на друг пациент, се чуваат во специјални садови со мраз, со цел да го спречат нивното оштетување при транспортот. На овој начин орган за трансплантација може да се задржи надвор од телото на човек за максимум шест часа.
Сепак, новиот метод го овозможува зачувувањето на белите дробови во рок од 24 часа. Тие се наоѓаат во подвижна пластична кутија со посебен вентилатор кој го поддржува “дишењето” и пумпа која постојано обезбедува прилив на крв во телото.