Нов апсурд на Обвинителството на судењето за Жан Митрев

од Nikola Popovski
428 прегледи

На денешното рочиште на судењето против д-р Жан Митрев јавниот обвинител самиот себеси си приреди нов дебакл така што при презентирањето на имотноправни побарувања на отсутните оштетени презентираше изјава во која оштетениот во истрагата не предјавил имотноправно побарување.

Сепак, во Обвинителниот акт ОЈО навело дека тој е оштетен за 183.000 денари. Со тоа самото обвинителство докажа дека обвинителниот акт е со невистинита содржина затоа што обвинителот како оштетен го навел и тоа што не предјавил оштетно побарување.

Очигледна беше збунетоста на обвинителката која што како да прв пат ја гледаше изјавата на оштетениот дека не бара оштета а таа ја чита како доказ на обвинението во која навела дека е оштетен.

Како и во повеќе прилики претходно обвинителката изјавуваше дека ќе се прецизира и корегира. Но за познавачите на правото ова е недопуштен дебакл на обвинителството бидејќи изјавата дека оштетениот не бара оштета ја добила лично во текот на истрагата но и покрај тоа поднела обвинение на одобрување до судот како да тоа лице бара оштета. За апсурдот биде поголем обвинението со таква невистинита содржина е одобрено од Судот и по тоа обвинение се води постапка речиси 2 години.

Слични содржини