Нов бизарен предизвик на ТикТок – предупредува шведската полиција

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Нов загрижувачки предизвик е најавен повторно на социјалната мрежа ТикТок за 15 април.

Во него, како што предупреди шведската полиција, момчињата се поканети да ги допираат девојчињата, да го снимат со камера и да го објават или проследат на други корисници.

Според информациите на локалните медиуми, полицијата ги повикала своите сограѓани да ги пријават овие снимки или апел за нивна реализација, доколку се појават на Интернет, а истовремено ги предупредувале и училиштата.

„Младите луѓе гледаат на тоа како забавна работа, но тие не знаат какви можат да бидат последиците. Родителите можат да ја искористат можноста да разговараат со нив за тоа што е легално, што не е и е несоодветно. Причината за оваа изјава е да привлече внимание кон однесувањето на децата, кое може да биде криминално“, се вели во соопштението.

Ова е само еден во низата вознемирувачки предизвици кои кружат со оваа нова социјална мрежа, која, за кратко време, собра голем број на корисници ширум светот.

Слични содржини