Добавувачот на автоделови ZF планира да укине илјадници работни места во наредните години. Како што јави германската новинска агенција (dpa), концернот сака да отпушти меѓу 11.000 и 14.000 луѓе во своите капацитети во Германија до крајот на 2028 година.
Во моментов во ZF работат 54.000 луѓе низ Германија, а не е прецизирано колку и каде ќе бидат отпуштени.
„Мислиме дека немаме друго решение“, изјави портпаролот на компанијата за автоделови.
„Ќе се бориме за секоја работа“, изјави шефот на работничкиот совет Дитрих, пренесува dpa.
Многу работни места ќе бидат прекинати без взаемно раскинување на договорот за вработување – односно ќе биде доставен отказот.
„Намалувањето треба да биде општествено прифатливо до степен до кој ZF ја користи демографската структура на вработените и прометот (на работниците)“, соопштуваат од компанијата.
ZF планира да спои поединечни фабрики во единици со помалку вработени.
Дитрих рече дека објавата е причина за загриженост, бидејќи е потребна целосна посветеност за снабдување на клиентите, надминување на рецесијата и трансформација.
Германската компанија е во долгови, а оваа пролет зацрта строга програма за штедење.
Во светот, 169.000 луѓе работат за ZF – на повеќе од 160 производствени локации во 31 земја. Минатата година компанијата оствари промет од 46,6 милијарди евра.