Во последните 24 часа, во Србија почина уште едно лице како последица на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 258, објави „N1“.

На коронавирус биле тестирани 6.032 лица, а вирусот е потврден кај 94 од нив.
На респираторите има 17 лица.
Од почетокот на епидемијата, во Србија се потврдени 12.616 случаи на инфекција.
Стапката на смртност е 2,04 проценти.
Бројот на активни случаи е 589.
Вкупно 325.613 лица биле тестирани во Србија до 15 часот денес.