Нов инцидент при полетување падна капакот од моторот на Боингот, авионот мораше да се врати назад

од Сенада Ибраимова
129 прегледи

Капакот на моторот на Боинг 737-800 на американската компанија „Саутвест ерлајнс“, паднал вчера при полетување од аеродромот во Денвер и удрил во крилото, поради што Федералната управа за авијација (ФАА) на САД покрена истрага. Никој не е повреден од летот 3695 Southwest, а авионот безбедно се вратил на аеродромот, објави Ројтерс.

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот. Боингот се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се врати во Денвер 25 минути по полетувањето.

Слични содржини