223
Во албанскиот приморски град Дримаде изгоре 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат.
Според порталот ABC Albania, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажата околу користењето на крајбрежјето во оваа област.
Пред неколку дена имаше конфликт меѓу сопствениците, а во тој конфликт во кој исто така беше употребено огнено оружје, четири лица беа убиени, а две беа повредени.