Терористичката група “Исламска држава” (ИД) се вклучува и во трговијата со човечки органи, објави во интервју за ТАСС шефот на одделот на руското Министерство за надворешни работи за новите предизвици и закани Илја Рогачов.

Според него “надворешна трговија” и носи на ИСИС речиси 2 милијарди долари. Осврнувајќи се на голем број истражувања на експертите на ОН и на независни невладини организации, рускиот дипломат истакна дека Исламската држава продава годишно нафта и гас во вредност од 950 милиони долари, пченица и ‘рж за 200 милиони, цемент за 100 милиони, памук за 20 милиони долари. Групата активно тргува и со фосфати, сулфурна и фосфорна киселина, додаде тој.
“Неопходно е да се премине и на други канали за финансирање на тероризмот, на пример во некои земји и донации”, посочи Рогачов.
Тој потсети и за едногласно усвоената резолуција број 2253 во четвртокот од Советот за безбедност на ОН, која предвидува мерки и механизми против финансирањето на ИСИС и на други терористички организации.