Баерн Минхен киксна во четвртото коло против Борусија Менхенгладбах, а актуелниот шампион испушти бодови и ова коло. Тимот на Јулијан Нагелсман не успеа да победи во главниот град бидејќи наиде на тешкиот Унион Берлин – 1:1 (1:1).
Унион поведе преку Бекер во 12. минута по асистенција на Тримел, но сто секунди подоцна Џошуа Кимих им донесе бод на Баварците. Впечаток е дека по се што се гледаше во Берлин, нерешениот резултат е најреален резултат, но и двете екипи можеа да победат, што исто така немаше да биде незаслужено.
Фрајбург беше подобар од Баер Леверкузен со 2:3 (1:0) на гости по голем пресврт. Аспирињи водеше на полувремето со 1:0 по голот на Карим Демирбај, но по пет минути во вториот дел од натпреварот Фрајбург направи пресврт со головите на Гинтер и Грегориќ.
Ново израмнување на натпреварот донесе Патрик Шик, а победата на гостите од Шварцвалд им ја донесе Доан во 72. минута. Фрајбург со оваа победа го зазеде првото место во Бундеслигата со 12 бодови, исто толку колку и Борусија Дортмунд.