234
Најмалку еден американски војник е полесно ранет, додека тројца припадници на милицијата поддржана од Иран се убиени денеска во Сирија, во втор последователен ден од конфликтот, соопшти американската војска, а пренесува „Ројтерс“.
Последната размена на оган покажува дека воените тензии растат, иако дипломатските напори меѓу Техеран и Западот се обидуваат да го обноват иранскиот нуклеарен договор од 2015 година со големите сили, наведува британската агенција.
Новиот конфликт дојде еден ден откако американскиот претседател Џозеф Бајден одобри американски воени воздушни напади во Сирија, насочени кон складишта за муниција и други објекти што ги користат групите поврзани со Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ).