Нов Кривичен законик, но согласно европските закони, му порача Мицкоски на Филипче

од Nikola Popovski
40 прегледи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски прашува што ќе се случи со делата кои што застараа и за кои што граѓаните плаќаат оштета за тоа што застареле. Ваквиот одговор на новинарско прашање е во однос на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој порача дека како партија згрешиле со измените на Кривичниот законик и побара да биде разгледан нов предлог кој веќе го има во Министерството за правда.

-Имате дела кои што застараа и врз основа на тоа тие бараат оштета и добиваат од Буџетот на државата. тоа се милиони евра, тоа се ваши пари. Нека извадат од џебот и нека продадат дел од нивниот имот и нека вратат во Буџетот, рече Мицкоски.

Според премиерот, студент на прва година од Правниот факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано, ќе го користи законот кој што во времето на сторување на делото е апликативен.

-Си донесоа закон за да ги амнестираат своите криминали на оние политичари и сега ќе носиме нов закон. Немаме проблем за нов, но да биде во согласност со европските закони, а не некому што му треба. Се чудам што и професори учествуваат позади овие изјави. Не можам да сфатам зошто не ја научија лекцијата од грешките во минатото, посочи Мицкоски на прес-конференцијата со Бранко Азески во Стопанската комора.

Згрешивме со измените во Кривичниот законик-директен лидерот на СДСМ Венко Филипче. Сега вели дека од 2017-та има подготвен нов и истиот власта да го стави на јавна расправа. Бил координиран со меѓународната заедница и модел бил германскиот Кривичен законик.

Слични содржини