Нов маалски центар во Карпош 1 на улицата „Иван Аговски“

од Берта Китинска
389 прегледи

Новиот маалски центар во Карпош 1, на улицата „Иван Аговски“ е вистинско место за маалска дружба и рекреација на карпошани.


Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев имаше неформална, маалска средба со граѓаните кои дел од своето време поминуваа во овој дел од населбата.

-Локалната самоуправа целосно го промени ликот на овој дел од Карпош. Засадена е нова тревна површина и украсни растенија. Исто така, за долготрајност на зеленилото се постави и систем за наводнување.
За најмладите беше направено и ново детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци.Родители, деца, баби и дедовци со својата енергија и присуство потврдија дека овие јавни површини се важни за граѓаните, затоа што се најблиску до нив, посочија од општината.

Низ неформален разговор, Богоев им посочи на присутните дека локалната самоуправа, во изминативе три години е фокусирана на облагородување на јавниот простор.

-Просторот меѓу зградите, внатрешно во населбите добива нова вредност. Истиот се прилагодува за потребите на сите генерации на граѓани и се надоместува изгубеното зеленило.За жал, оваа година, како резултат на Ковид – 19, во населбата Карпош 1 не се одржа Меморијалниот турнир „Сокол“, кој е симбол на спортскиот живот во Скопје. Но, овие маалски паркови се места каде што граѓаните и во текот на пандемијата можат да се рекреираат, одржувајќи растојание, носејќи заштитни маски и правејќи честа дезинфекција, велат од општина Карпош.

Слични содржини