Нов мигрантски бран во италијанска Лампедуза, само синоќа пристигнале 333 лица

од Симе Стоиков
227 прегледи

На италијанскиот остров Лампедуза синоќа со седум преполни чамци пристигнале 333 мигранти, а вчера во текот на денот со 16 чамци пристигнале 670 мигранти.

Во чамците кои пристигнале синоќа имало државјани на Бангладеш, Египет и Пакистан кои тргнале од Либија, како и мигранти од Гамбија, Нигерија, Сенегал, Малезија и Брегот на Слоновата Коска, кои тргнале од Тунис, пренесува Анса.

Меѓу нив има жени и деца. Поради новиот мигрантски бран, на најјужниот италијански остров во моментов има 1.263 лица.

Како што е познато мигрантите кои пристигнуваат во Лампедуза се префрлени во други делови на Италија.

Слични содржини