Нов мистериозен вирус во Кина, властите во паника: „Не знаеме како се шири“

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Истражувачите почнаа да го следат новооткриениот вирус во Кина поради ненадејниот скок на бројот на заразени.

Новиот Langia henipavirus (LaiV) првпат беше откриен во североисточните провинции Шандонг и Хенан кон крајот на 2018 година, но научниците официјално го идентификуваа минатата недела.

Тие рекоа дека вирусот најверојатно се пренесува од животни на луѓе, а тајванските здравствени власти сега го следат ширењето.

Истражувачите тестирале диви животни и откриле LaiV вирусна РНК во повеќе од четвртина од 262 случаи.

Овој вирус кај луѓето предизвикува симптоми како треска, замор, кашлица, губење на апетит и болки во мускулите. Сите заразени имаа треска, а вирусот беше единствениот потенцијален патоген пронајден кај 26 од 35-те луѓе, што сугерира дека „LaiV бил причина за фебрилната болест“.

До денес, нема смртни случаи од LaiV.

Сè уште не е јасно дали вирусот може да се пренесе меѓу луѓето, велат истражувачите. Повеќето од 35-те случаи биле меѓу земјоделците, а работници во фабриките биле меѓу заразените лица.

„Анализата на контактите на девет пациенти со 15 членови на семејството не откри дека LaiV се пренесува на овој начин, но нашата големина на примерокот беше премногу мала за да се одреди статусот на пренос од човек на човек“, открија истражувачите.

Научниците го секвенционираа геномот LaiV и утврдија дека се работи за хенипавирус, категорија на зоонозни РНК вируси што ги вклучува и вирусот Хендра и вирусот Нипа.

Слични содржини