Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се обрати пред украинскиот парламент со порака дека борбата против руската инвазија е „најсветлиот час“ на Украина, соопшти неговиот кабинет.
Од кабинетот на британскиот премиер изјавија дека тој ќе објави нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони фунти (375 милиони долари) кога тој денеска ќе се обрати во украинскиот парламент преку видео врска.
Велика Британија веќе испрати опрема во Украина, вклучувајќи ракети и ракетни фрлачи.
Новиот пакет вклучува опрема за електронско војување, радарски систем, опрема за блокирање ГПС и илјадници уреди за ноќно гледање.