
Додека ние се уште очекуваме деби на пазарот на првите паметни телефони со дисплеј на преклоп, голем број производители ја продолжуваат својата работа во оваа насока.
Сега, благодарение на Let’s Go Digital, имаме концептуални претстави за можен иден Huawei модел. Во нивниот патент, Кинезите скицираат уред кој има две преклопни зони по должината на левата и десната страна. Голем дисплеј е достапен во отворена состојба, а двата странични делови може да се преклопат назад, така што размерите стануваат компактни.

Интересен аспект на дизајнот на еден од моделите во патентот е присуството на значителни рамки под и над екранот. Тие вклучуваат предна камера, звучник кој се користи за време на повиците, а можеби и посебно копче со читач на отпечатоци.
Едно од двете „крила“ на екранот може да се користи како штанд за полесно гледање на содржината. Рендерите ја репродуцираат првата верзија на паметниот телефон, кој е без рамка и изгледа најимпресивно.
Како и обично, забележуваме дека во оваа фаза тоа е само патент и не е јасно дали ќе се реализира во готов производ.