Нов педофилски скандал во Холивуд: До детали опишал како Чарли Шин силувал тинејџер

476 прегледи

Ѕвездата на култиот детски филм „Гуниси“ Кори Фелдман, со години наназад изнесува тврдења дека Холивуд е полн со педофили. Меѓутоа, тврдењата никогаш не ги поткрепил со докази, ниту открил за кои личности станува збор, „бидејќи се плашел од одмазда“.

За овие информации тој барал надохнада од милион долари, како би имал пари за обезбедување и адвокати „кога ќе тргне холивудската хајка против него“, но никогаш никој не му ги дал тие пари.

Фелдман во својот нов документарен филм изнел шокантни тврдења дека детската ѕвезда Кори Хејм, кој почина на 29 години од воспаление на белите дробови, бил силуван од страна на Чарли Шин.

Фелдман, во документарецот Мојата вистина: Силувањето на двајцата Кори, кој бил емитуван на фестивал во Лос Анџелес, открил имиња на луѓе кои ги злоставувале него и неговиот пријател кога биле деца и раскажал дека Кори Хејм до детали му опишал како Шин, тогаш 19 годишно момче, го силувал кога имал само 13 години.

„Ми рече дека го силувал сред бел ден. Рече дека го пикнал меѓу две приколки и го нападнал“, раскажал Фелдман во документарецот изнесувајќи детални описи.

Уште неколку луѓе кои работеле на документарецот го потврдиле она што Хејм го зборувал е вистина и дека и ним им го раскажал истото.

Шин, преку својот адвокат рекол:
„Тоа се болни тврдења и лаги. Точка“.

Ова обвинување не е новост, пред две години исти тврдења изнесе и актерот Доменик БРаска, но тогаш Шин тие ги опишал како „будалаштини“.

Слични содржини