Руски ракетен крстосувач и чамец на руската крајбрежна стража принудиле комерцијален брод со турско знаме да го смени курсот, откако се нашол на патот на бродовите на кримската енергетска компанија „Черноморјефтегас“.
Компанијата „Черноморјефтегас“ соопшти дека инцидентот се случил додека конвој нивни бродови транспортирале две нафтени платформи на нова локација во руските територијални води.
Нафтените платформи на крајот безбедно се доставени на предвидената локација, се наведува во соопштението.
(ФОТО 18+) Сириската армија опкружи протурски баталјон во Латакија и го ликвидира командантот
Ова е втор поморски инцидент меѓу Русија и Турција за само два дена, откако екипажот на рускиот разорувач „Смерливи“ вчера била принудена да користи огнено оружје за да спречи судир со турски рибарски брод во Егејско Море.
