Нов протест на здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР за извршителите

од Vladimir Zorba
261 прегледи

Утре, 11 03 2024 год. во 12:00 час. пред Министерството за Правда во Скопје, здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР ќе одржат ќе одржат мирен протест.

„Го повикуваме министерот за правда и владата да се изјаснат зошто не се применуваат промените во Законот за облигациони односи од страната на извршителите, а се однесуваат на застарувањето на долгови, изгласаните од Собранието, и во службен весник објавени пред повеќе од седум месеци и покрај потврденоста на уставноста на законот од Уставниот суд во месец јануари 2024 и одлуката на Законодавно правната комисија во Собранието дека не е потребно автентично толкување на законот. Утре ќе се поднесуваат писмени барања од граѓани за примена на законот кај министерот за правда“, се вели во најавата.

Слични содржини