НОВ „РАМКОВЕН ДОГОВОР“ ЗА ЕУ, Таравари за „Локално“: Охридскиот договор донесе онолку добро колку што и беше злоупотребен

од Destan Jonuzi
219 прегледи

Лидерот на Алијасата за Албанците (АА), Арбен Таравари за предлогот на шефот на дипломатијата Бујар Османи за нов „рамковен договор“ за ЕУ помеѓу партиите на власт и опозицијата, вели дека Охридскиот договор е историски договор кој донесе онолку добро колку што и беше злоупотребен.

– Охридскиот договор е историски договор кој донесе онолку добро колку што и беше злоупотребен. Од друга страна, интеграцискиот процес во Европа е апсолутна неопходност за земјата и во оваа точка се согласувам со господинот Османи, но начините веројатно треба да бидат поконкретни и попосветени на најважниот пат што го имаме, а тоа е еден кон ЕУ, изјави Таравари за „Локално“.

Движењето БЕСА околу предлогот на шефот на дипломатијата Бујар Османи за нов „рамковен договор“ за ЕУ помеѓу партиите на власт и опозицијата, го сметаат како проект за политичко профитерство. Од ова партија во изјава за „Локално“ велат дека на државата ѝ треба „рамковен договор“ за борбата против корупција и криминал.

– Движењето БЕСА нема никакви дилеми околу евро-интеграциската ориентација на државата така да нашата заложба одтанува константна и непроменета во таа насока и секако нема да дозволиме политичко профитерство од страна на власта преку вакви иницијативи. На државата и треба „рамковен договор“ за борбата против корупција и криминал каде што Владата воопшто не е ангажирана, се друго е само политичка фарса за добивање на дневни политички поени од страна на власта, изјави за „Локално“, Фарук Авдиу – портпарол на Движењето БЕСА.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи упати апел до опозицијата што поскоро да се седне на заедничка маса и партиите да потпишат договор со кој ќе дадат поддршка на агендата на ЕУ.

– Ни треба нов „рамковен договор“ за ЕУ, со кој партиите ќе се усогласат дека ќе ги поддржат прашањата кои се однесуваат на Унијата. Директивите на ЕУ мора да ги прифатиме, без разлика кој е на власт, изјави Османи.

Тој смета дека париите што поскоро треба да склучат договор дека ќе соработуваат и дека ќе ги надминат разликите.

-Граѓаните мора да бидат победници во овој процес. Времето е сега, вели Османи, укажувајќи дека станува збор за надпартиска тема, за која не смее да има разлики.

Д.Ј.

Слични содржини