Нов раст на биткоинот, се предвидува дека ќе достигне околу 84.000 долари во септември

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Цената на биткоинот скокна на 65.000 американски долари во синоќешното тргување со фјучерси, што е првпат по подолго време да го достигне ова ниво, додека на „спот“ пазарот се стабилизира над 64.000 долари.

Ова значително зголемување уследи по најавата на Федералните резерви за неизбежно намалување на каматните стапки. Позитивната реакција на пазарот го нагласува влијанието на овие изјави врз биткоинот и поширокиот сектор на криптовалути, пишува Coinmarketcap.

Најтргуваната криптовалута би можела да биде на работ на достигнување на нови врвови на сите времиња. Според Елиотовиот бран во статистиката, пробивот над нивото од 62.000 долари треба да сигнализира нов раст преку пет помали бранови (амплитуда) на кривата на раст, според аналитичарите.

Принципот на Елиот претпоставува дека финансиските пазари се движат во повторливи циклуси, односно бранови кои условуваат раст до првиот последователен пад во препознатлива низа.

Сега се прогнозира дека биткоинот би можел да достигне 84.000 долари до средината на септември.

Секако треба да се има на ум дека пазарот на криптовалути е исклучително нестабилен, во смисла дека е склон кон брзи подеми и падови, без оглед на овие наводни предвидливост, па секоја инвестиција во нив би морала да се заснова на најновите информации за нивните краткорочни движења.

Слични содржини