Нов рекорд на Биткоин: Од синоќа вреди повеќе од 67.000 долари

од Nikola Popovski
247 прегледи

Вредноста на најголемата криптовалута во светот Биткоин ноќеска надмина 67.000 долари, што е нов историски максимум.

Синоќа е забележан пораст од 2,3% и изнесува 67.662 долари според првите азиски проценки.

Растот е последица на неодамнешното пошироко закрепнување на криптовалутите, што ја зголеми вкупната пазарна вредност на дигиталните валути на над 3 трилиони долари.

Биткоинот скокна повеќе од 100 отсто оваа година, а само во октомври порасна за повеќе од 30 отсто.

Слични содржини