НОВ РЕКОРД НА ЗАРАЗЕНИ ВО ГРЦИЈА: Над 40.500 заболени од коронавирус во последните 24 часа

од Vladimir Zorba
304 прегледи

Во Грција се регистрирани 40.560 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е рекорд четврти ден по ред под влијание на варијантата омикрон.

Здравствените власти потврдија и 76 нови смртни случаи од Ковид-19.

Грција воведе нови ограничувања оваа недела и нареди кафулињата, рестораните и ноќните клубови да се затвораат на полноќ, да не се услужуваат стоечки гости и да не се пушта музика.

Исклучок е новогодишната ноќ, кога работното време може да биде до 2.00 часот по полноќ.