Франција денеска ја премина границата од 94.000 нови случаи на коронавирус регистрирани во еден ден, што не е постигнато од почетокот на пандемијата во март 2020 година, покажуваат официјалните податоци.
Има 94.124 нови случаи на инфекција во последните 24 часа во Франција, која минува низ петтиот бран на инфекција засилен од многу позаразниот вид омикрон на вирусот. Во претходните седум дена, просечниот број на заболени беше 66.417.
Претходниот дневен рекорд беше во четвртокот, кога беа заразени повеќе од 91.000 луѓе.
Илјадници Французи денеска побрзаа во аптеките за да бидат тестирани за да се уверат дека можат да го поминат Божиќ со своите семејства.
Продолжува притисокот на интензивната нега во болниците, каде има 3.254 пациенти наспроти 3.208 во вторник, со 316 новопримени пациенти. Претходниот ден починаа 169 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигна 122.462.