За следење на Пацифичките тајфуни, вулканските ерупции и песочните бури се зазема нов придружник – јапонскиот “Химавари – 8”, кој вчера ја испрати првата фотографија во боја на нашата планета.
Уредот е со можност да пренесува кон контролниот центар во префектурата Сајтама, северно од Токио, 16 видови слики, за 9 повеќе од својот претходник. Обемот на емитирани информации се зголемува со 50 пати.
“Химавари – 8”, за разлика од “Химавари – 7” ќе прави фотографии на површината на Земјата не на секој час, туку на секои 10 минути.
Во моментов сателитот се наоѓа на 36 000 километри од површината на Земјата. Неговата прва сериозна мисија е да следи три тајфуна јужно од јапонските острови. Во 2016 година се очекува со работа да започне уште еден уред од истиот тип.