142
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот дел на Тајван.
Ова го соопшти Централната метеоролошка управа (CWA) на овој остров, кој Кина го смета за своја територија.
Taiwan News објави дека епицентарот бил на нешто повеќе од 32 километри од округот Хуалиен, кој минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер.
CWA соопшти дека земјотресот бил на мала длабочина од 5,1 километар.
Се наведува дека засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.