Нов скандал: Џонсон имал роденденска забава во затворен простор со 30 луѓе за време на локдаунот

од Nikola Popovski
205 прегледи

Даунинг стрит потврди дека нејзиниот персонал се собрал за време на првиот локдаун во јуни 2020 година во канцеларијата на британскиот премиер Борис Џонсон за да го прослави неговиот роденден.

Според ITV News, на забавата биле присутни околу 30 луѓе, кои ја отпеале роденденската песна и биле послужени со торта.

Персоналот, како што е соопштено од Даунинг стрит 10, официјалната резиденција на британскиот премиер, ненадејно се собрал за да му го честита роденденот на Џонсон, додавајќи дека на забавата биле помалку од 10 минути, јавува Би-Би-Си.

Според тогашните правила за заклучување, во повеќето затворени простори било забрането собирање повеќе од две лица.

ITV News наведува дека роденденската забава била организирана во канцеларијата на Џонсон, нешто по два попладне на 19 јуни 2020 година, додавајќи дека тоа било изненадување за британскиот премиер по неговото враќање од службеното патување на училиште во Хертфордшир.

Овој медиум додава дека таа вечер во куќата на Џонсон се собрале семејството и пријателите.

Но, и покрај сето тоа, портпаролот на Даунинг стрит појаснува дека сето тоа е „тотална невистина“.

„Според тогашните правила, премиерот беше домаќин на мал број членови на семејството надвор таа вечер“, рече портпаролот.

Според тогашните ковид-мерки, максимум шест лица можеа да се соберат на отворено во исто време, притоа почитувајќи ги мерките за растојание.

Би-Би-Си дознава дека висока државна службеничка, која известува за собири во владините простории за време на ковид-ограничувањата, веќе била свесна за настанот на 19 јуни. Таа се очекува да го објави својот извештај подоцна оваа недела.

Слични содржини