Нов собраниски рекорд: Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ зборуваше 10 часа

од Берта Китинска
226 прегледи

Пратеничката Бети Стаменковска Трајковска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зборуваше 10 часа на собраниската говорница и го урна македонскиот рекорд на говор во Собранието.

Таа рано утрово зборуваше во Комисијата за избори и именувања на седницата на која требаше да се избере актуелниот републички Јавен обвинител за Уставен судија. Од ВМРО-ДПМНЕ ја пофалија дека го положила тестот на издржливост и поради тоа не бил изгласан Љубомир Јовески за уставен судија.

-Нов ден – нова можност за активна блокада на криминалците на власт! После 10-часовно непрекинато говорење за молчењето на Јовески за криминалите на СДСМ/ДУИ јас ќе ѝ порачам на власта: НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМЕ – ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА, напиша пратеничката на социјалните мрежи.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

Слични содржини