Како што е познато, на 27 март Xiaomi ќе го претстави својот нов предводник Mi MIX 2S, кој ќе биде еден од првите смартфони со чипсет Snapdragon 845.
Од протечените порано датотеки со фирмверот на уредот пак знаеме дека тој е со батерија со капацитет 3400 mAh и Android 8.0 Oreo. Резолуцијата на екранот ќе биде 2260×1080 пиксели.
Во софтверот имаше и линкови до функции со вештачка интелигенција во камерата за препознавање на различни објекти и услови кои сега беа официјално потврдени од Xiaomi.
Компанијата објави нов тизер во кинеската социјална мрежа Weibo, во кој се поставува прашањето дали објавената фотографија е дело исклучиво на камерата или во неа интервенирала и вештачката интелигенција.
Самиот пост, исто така, претскажува дека вештачката интелигенција може да се користи и за други функции на Mi MIX 2S, настрана фотографијата.