Во Бразил во последните 24 часа од последиците на коронавирус починаа 4.195 лица, што е нов црн рекорд од почетокот на пандемијата минатата година!
Според Би-Би-Си, болниците во најголемата земја во Јужна Америка се на работ на капацитетот и луѓето умираат чекајќи преглед. Според најновите податоци во Бразил, од корона починале 337.364 лица, додека заразени се дури 13.106.058 лица.
Бразил е втора земја во светот по Соединетите држави според бројот на смртни случаи и инфекции од ковид-19. И покрај ова, десничарскиот претседател Жаир Болсонаро одби да воведе вонредни мерки за да се спречи ширење на вирусот.
Тој тврди дека затворањето на економијата на земјата ќе донесе повеќе штета отколку последиците предизвикане од вирусот. Болсонаро дури поништи некои од мерките воведени од регионалните власти со помош на судски пресуди.
– Карантинот доведува до дебелина и депресија, рече Болсонаро, обраќајќи им се на група свои приврзаници пред претседателската резиденција.